Младите ќе се обучуваат како да почнат свој бизнис

Bez autora
Feb 04 2013

Министерството за труд и социјална политика викендов промовира Акциски план за вработување на младите до 2015 година, во кој целна група се лицата од 15 до 29 години. Планот предвидува околу илјада млади со завршено средно или високо образование да бидат вклучени три месеци во програмите за практиканство, 500 млади да бидат обучени за почнување сопствен бизнис, тестирање на сите полуматуранти од март до мај за нивно навремено кариерно насочување, како и пилот-тестирање во неколку средни училишта. Планот предвидува до 2015 да се зголеми за 20 отсто бројот на неформално самовработени млади. Стратешки цели на Акцискиот план се подобрување на ефикасноста на институциите на пазарот на трудот и поттикнување на вработеноста на младите преку развој на приватниот сектор.

Младите ќе се обучуваат како да почнат свој бизнисМинистерството за труд и социјална политика викендов промовира Акциски план за вработување на младите до 2015 година, во кој целна група се лицата од 15 до 29 години.

Планот предвидува околу илјада млади со завршено средно или високо образование да бидат вклучени три месеци во програмите за практиканство, 500 млади да бидат обучени за почнување сопствен бизнис, тестирање на сите полуматуранти од март до мај за нивно навремено кариерно насочување, како и пилот-тестирање во неколку средни училишта. Планот предвидува до 2015 да се зголеми за 20 отсто бројот на неформално самовработени млади. Според министерот Спиро Ристовски, стратешки цели на Акцискиот план се подобрување на ефикасноста на институциите на пазарот на трудот и поттикнување на вработеноста на младите преку развој на приватниот сектор.

- Имплементацијата на Акцискиот план е во тек. Во 2012 од вкупниот број опфатени (7.590) лица од различните активни програми за вработување, 20 проценти се млади лица (1.486). Овој процент во иднина треба да биде уште поголем, што е и цел на нашите заложби - вели Ристовски.

Акцискиот план ќе се спроведува три години, со 27 милиони евра обезбедени најголем дел од буџетот но и од ИПА-фондовите на ЕУ. Во спроведувањето ќе се вклучи и Министерството за образование и наука. Министерот Панче Kралев на прес-конференцијата истакна дека за да се подобрат условите за вработување на младите се адаптираат наставните планови и квотите кон потребите на стопанството.

Според евиденцијата на Агенцијата за вработување, во јануари 2013 година, без работа се регистрирани 58.147 лица на возраст од 15 до 29 години. Најголем дел од нив се од 25 до 29 години, а најмногу се во Скопје и во други поголеми градови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik